Вознемирувачка фотографија од мајка која седи во рикша со телото од починатиот 29-годишен син од корона, стана вирална во Индија.
На фотографијата е исцрпената Чандракала Синг која со скаменето лице седи во електрична рикша, додека крај нејзините нозе се наоѓа нејзиниот син Винет Синг, кој починал од коронавирус. Оваа потресна фотографија е сликана на патот кон градот Варанаси во индијската држава Утар Прадеш.
Имено, Во понеделникот наутро, мајката заминала со својот син во универзитетската болница Банарас Хинду (БХУ) која се наоѓа на околу еден час возење од градот, изјави чичкото на младиот Јај Синг.
– Винет имаше проблеми со бубрезите и извесно време се консултираше со лекар во болницата БХУ. Тој закажа преглед за понеделник една недела претходно – рече Синг.
Меѓутоа, кога мајката и синот пристигнале во болницата им било кажано дека лекарот не е таму и да одат во центарот за трауми, кој прима итни случаи.
На момчето му се слошило, па се онесвестило пред влезот на болницата, но тие сепак одблиле да го примаат.
– Рекоа дека има корона и од таму треба да го тргнам од таму. Мојот син се бореше за воздух. Се молевме за кислород и лекови, но ништо не добивме – рече мајката плачејќи.
Го ставила на рикша и го однела во приватна болница во близина, но и тие одбиле да го примат. На пат кон третата болница, Винет починал пред нозете на неговата мајка, во рикша.
Инаку, фотографијата е само еден пример од маките на Индијците заробени помеѓу пандемијата на коронавирус и здравствениот систем кој е пред колапс.