Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, преку социјалните мрежи му го честиташе 11-тиот роденден на синот Филипо.
„Ти си најголемата среќа во мојот живот. Времето брзо лета. Единаесет убави години, со срце исполнето. Колку само емоции ми даваш. Се надевам дека секогаш ќе ти бидам добар татко, но и пријател. Среќен роденден љубов моја, со сета љубов на светот“, напиша Пандев.
Инаку, Горан Пандев и сопругата Надица освен синот Филипо ги имаат и ќерките Ана и Софија.