Фатено лицето што ѝ избега на затворската полиција пред Кривичниот суд

by Тони Зографски

Приведено  е лицето кое утринава и избега на полицијата, додека беше спроведувано до Кривичниот суд за одржување на судски процес, информираат од Министерството за правда за ТВ21.

Станува збор за лице осомничено за криумчарење на мигранти и кое од притвор било спроведено до судот..

Инаку, бегалецот беше донесен утрово од притвор, а е осомничен за криумчарење на мигранти. Сега, покрај за делото кое му беше ставено на товар, кривично ќе се гони и за делото обид за бегство. Воедно, ќе се испитуваат и околностите под кои се случи бегството и евентуалната одговорност.

останати вести