Италијанската и светската филмска дива Моника Белучи беше забележана во продавница за спортска облека за скијање и сноуборд во Рим, заедно со нејзината помлада ќерка Леон. Друга жена и тинејџер биле со нив, додека возач ги чекал пред продавницата.
Моника излезе од продавницата со бројни торби. Папараците имаа полни раце работа и успеаја да ја сликаат актерката одблизу.
Сликите уште еднаш ја евоцираа природната убавина на Моника Белучи, која имаше минимална шминка и беше во целосно лежерно издание. Моника е една од ретките sвезди која никогаш не поставила лажни слики за нејзиниот изглед. Барем не во голема мера, со исклучок на скоро неизбежните фотошопирани насловни страници.
За пофалба е што светската sвезда ги почитува мерките и носи заштитна маска, за разлика од некои нејзини колеги кои сметаат дека мерките не се однесуваат на нив, па беа бркани од продавниците.