Во капелата на замокот Виндзор денес беше погребан сопругот на кралицата Елизабета, принцот Филип.
Кралицата Елизабета Втора со насолзени очи се збогува со својот сопруг, со кого помина 73 години, во тесен круг на роднини, и во согласност со сегашните епидемиолошки мерки во Велика Британија.
Во шест часот наутро, ковчегот со телото на принцот е преместен од приватната капела во салата, од каде започна поворката. Луѓето, кои не учествуваа во поворката, заминаа кон капелата нешто по девет часот.
Телото на принцот беше положено на автомобил што тој самиот го дизајнирал и беше пренесен на местото за почивање.
Капелата Свети Ѓорѓи е местото каде што се собраа учесниците на поворката, меѓу кои и принцовите Чарлс, Вилијам и Хари, кој дојде без неговата сопруга Меган Маркл.
Меѓу членовите на семејството и гостите кои не учествуваа во поворката беа војвотката од Корнвол, Камила, принцезата Јуџини, Кејт и Зара и други членови на кралското семејство.
Поворката стигна до капелата во 9.53 часот, каде што во 10 часот се одржа национално едноминутно молчење.
Архиепископот од Кантербери ја водеше службата, а гостите, вкупно 30, седеа со почит на оддалеченост од два метра, со маски.
Хор од само четири члена ги испеа делата избрани од војводата од Единбург.
На крајот на службата, телото на принцот беше сместено во кралската крипта во капелата.
На ковчегот на принцот беше положен неговиот личен грб, морнарска капа, меч и венец со цвеќиња.
Инаку, принцот Филип почина на 99-годишна возраст во замокот Виндзор, по краток период на лошо здравје поради што мораше да биде хоспитализиран неколку недели.