ЌЕ ПОПОЛНУВАМЕ ФОРМУЛАР ОД ОСУМ СТРАНИ: При влез во Грција ќе мораме да кажеме и на која плажа ќе одиме

by Тони Зографски

Бројни потешкотии ги чекааат странските туристи кои ќе сакаат да летуваат во Грција. Подготвени се бројни услови за да можеме воопшто да влеземе, но и за време на претстојот таму.

Па така, македонските и српските туристи ќе можат да влезат со било која вакцина и тоа е добра вест.

Но, оние кои не се вакцинирани на граница ќе мораат да пополнат формулар на осум страни на англиски јазик. А во него нема што нема буквално.

Ќе мора да го наведете бројот на собата каде ќе престојувате па дури и плажата на која ќе се капете. Покрај тоа, мора да се наведе и дали имате прележано корона како и тоа дали имате антитела.

Кога ќе влезете во Грција состојбата не е ништо подобро. Засега не работат кафулњата, рестораните и после 21 часот има полициски час.

Инаку, Македонците ќе можат во Грција од 14 мај.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com