Полицијата утрово го приведе Драги Рашковски, обвинителството бара притвор

by Тони Зографски

Утрово е приведен Драги Рашковски, дознава Нова. Според неофицијални информации полицијата го спровела пред судија откако Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донело наредба за истрага во случајот со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци што не го користи ниедна институција.

Со Рашковски е приведен и сопственикот и управител на фирмата што ја доби спорната набавка „Инвока гроуп“, Даниел Станчев.

Драги Рашковски беше поранешен генерален секратар во Владата, а до вчера беше секретар во премиерскиот кабинет од каде си поднесе оставка.

останати вести