Во куќа во Лос Анџелес пронајдени се телата на три мали деца, а полицијата ја уапси нивната мајка како едниствена осомничена за убиствата. Приведената Лилиана Кариљо наводно ги избодела трите деца од кои најмалото имало само шест месеци, а најголемото имало три години.
Телата на децата ги пронашала нивната баба.
„Овие слики цел живот ти остануваат во меморијата. Како полицаец, многу ми е тешко да го сфатам ова што го видов“ – им изјави на медиумите еден од полицајците кои работат на случајот.
По веста за стравичниот случај, мајката била забележана како краде авотмобили, но набрзо е уапсена.
Засега не е познат мотивот за ова злодело.