Во средината на 2019. година, водечкиот британски визионер и медиум Крег Хамилтон-Паркер ги предупредил луѓето за нешто што веројатно ќе го освои светот.
Потоа рекол дека му се чинело дека повеќе од половина милијарда луѓе на планетата ќе умрат од некаква инфекција, но не може да дефинира појасно за што станува збор. Освен дека ќе пристигне од Азија.
Минатата година Хамилтон-Паркер мораше да ги исклучи телефонскиот број но и да го избрише профилот на социјалната мрежа поради огромниот број на луѓе кои го контактирале од целиот свет. Тој предвидел појава на коронавирус.
„Ова ќе биде најголемата масовна инфекција на човечки организми уште од шпанскиот грип. Се плашам дека ќе изгубиме многу сакани додека не се најде вакцината. Не можам ниту сега да кажам што ќе се случи понатаму“, изјавил Хамилтон-Паркер за британските медиуми во јуни 2020 година.
Сега, по повеќемесечен молк и набљудување на настаните во светот, тој повторно се огласил. Тој го потврдил она што го рекол во 2020. година – дека човештвото ќе се спротивстави и дека вакцините ќе стигнат до луѓето побрзо од очекуваното.
„Целата 2021. година ќе биде потрошена во вакцинација. Светот ќе биде поразен од коронавирусот. Тој ќе му застане на патот, луѓето повторно ќе се гушкаат, бакнуваат и дружат. Сепак, маските уште ќе се носат. Вакцинираните ќе имаат многу привилегии, другите ќе треба да седат во нивните четири sида и понатаму. Гледам нормализација во Европа до крајот на летото. Она што воопшто не ми се допаѓа е дека за 2022 година гледам појава на нов вирус од Кина. Да, повторно е Кина. Овој пат гледам дека човекот ќе биде подготвенож и ќе има одличен одговор на новиот вирус. Тој нема да се размавне, но многумина ќе плачат и поради него. Нема да има никаква врска со видот на вирусот коронавирус, ова ќе биде нешто друго, но и помасовно“, вели Хамилтон-Паркер.
„Светот ќе биде болен од вирусот. Гледам бунтови, гледам многу горчина и лутина. Но, не гледам дека до 2048 година ќе се открие вистинското потекло и на коронавирусот и на овој новиот што ќе се појави. Ќе има одредена информативна блокада. Само во таа 2048. година на човештвото ќе му биде јасно како да се справи со сите вируси. Ќе има лек за сè“, вели Крег Хамилтон-Паркер.