Персонален фитнес и кондиционен тренер Душан Проковиќ
Не постои пишано правило дека активностите се делат на зимски и летни, постои општо и единствено правило, а тоа е, редовно вежбање минимум 3-4 пати неделно, да создадеме континуитет на вежбање повеќе години и да нема ограничувања во содржините кои постојат во фитнесот. Тоа што можам да ви препорачам во зимскиот период е да не вежбате сами, повикајте го партнерот или вашиот најблизок пријател, а доколку тоа не е можно, појдете до најблискиот клуб со групни фитнес содржини, верувајте нема да ви биде досадно, стекнувањето нови пријателства е секогаш позитивна работа .
Како да ги намалам вишокот килограми на мене, во зимскиот период помалку се потиме?
Кога сме решиле да слабееме, топењето т.е. губењето на масните наслаги по телото ни е најдобар показател за тоа. Потењето настанува како резултат на загревањето на телото за време на физичка активност. Кога се потиме телото губи голема количина на вода но не значи дека ги топиме мастите. При следното пиење на вода телото повторно ќе ја врати назад, што значи целта не можеме да ја оствариме. Мастите како енергетски резерви се користат во оној момент кога на телото му е потребна дополнителна енергија , што значи дека сите енергетски продукти предходно треба да бидат сведени на минимум во телото или да бидам појасен кога ке се потрошат јаглехидратите односно нивните продукти ( гликозата и гликогенот ). Утврдено е дека при интензивни напрегања телото ги троши овие продукти додека за мастите тренингот треба да биде умерен и долготраен и е различен за секој поединец. Препорачувам доколку сакате да намалите килограми, воведете повеќе кардио тренинг во вашиот фитнес или пешачете. Најинтересен за таа проблематика е аеробикот.
Ако држам диета дали побргу ќе ги намалам вишокот на колограми?
Ако ја имате вистинската дитета, да, побргу ќе ослабете, но запаметете , нема подобра диета или режим на исхрана која не е во комбинација со физичка активност. Верувајте оваа ситуација не е наивна, немојте да превземате ништо на своја рака, немојте да слушате други како се справиле со вишокот на килограми. Ангажирајте тренер за да ви направи тренинг -план и консултирајте нутриционист за да ви направи план како да се храните, и секако пред било каква ваша акција на ова поле, обавезно направите медицински прегледи, посетете спортски лекар, во спротивно ризикувате за вашето здравје.
Сакам да ја зголемам мускулната маса зимно време а напролет да почнам да слабеам. Дали е тоа исправно?
Помеѓу дигачите на тегови овој тип на експеримент е долго време познат. Нема пишано правило дека само во зимски услови треба или мора да се работи на зголемување на мускулната маса се зависи која ви е целта. Ваков тип на пристап користат оние кои се натпреваруваат во фитнесот што значи дека тоа е во доменот на спортот каде целоте и задачите се поинакви. Како рекреативците нема потреба од ваков пристап, тоа само може само да ја раздразни и онака слабата волја за вежбање. Бидете едноставни, не брзајте да ги стигнете другите, дајте си доволно време и резултатите се неизбежни. Полека воведувајте се во фитнесот, експериментирајте со содржини, на крајот секоја вежба има влијание на мускулите, со нив ги правиме движењата, нели !?
Во зимскиот период работните обврски и обврските према семејството се зголемуваат, немам време да одам на фитнес, што да направам, можам ли дома да вежбам?
Немањето доволно слободно време како и обврските како на работа така дома, се еден од најчестите причини зашто луѓето не вежбаат. Точно е дека во зимскиот период е уште потешко. Апсолутно можете да вежбате дома, со интернетот сега тоа е многу лесно. Имаме илјадници клипови и видеа на социјалните мрежи, одберете едно од нив и почнете, вежбајте колку што можете и што е можно почесто, нема ништо да изгубите. Доколку не можете да се снајдете, ви предлагам да одберете 4-6 вежби кои ги познавате и направете си ваш план за тој период. И секако, првиот слободен момент, не чекајте појдете во теретана .
Во зимскиот период често се разболувам, настинувам и затоа отсуствувам од тренинзи, како да се справам со тоа?
Доколу имате чести настинки, посетете лекар сигурно имате некој проблем. Во однос на тренирањето, доколку имате висока температура направете пауза тој ден. Следниот ден не се штедете ако ви е подобро, вежбајте со низок и умерен интензитет, не се заморувајте многу. На крајот колку и да ви е лошо, обидете се да направите обично истегнување, верувајте подобро ќе се чуствувате.