Музичката легенда Зафир Хаџиманов ќе биде погребан во среда, на седми април на Новите гробишта во Белград. Неговиот син, музичарот Васил Хаџиманов, ги соопшти деталите за погребот.
-Испраќањето на мојот татко Зафир ќе се изврши на 7 април на Новите гробишта, во кругот на најблиското семејество и пријатели. Урната ќе биде положена во Алејата на заслужни граѓани. Кога ќе помине оваа грозна пандемија, ќе направиме испраќање, какво што доликува и какво што Зафир заслужи. Ќе го испратиме со песна и насмевка. Токму така како што тој би сакал и како што живееше целиот свој живот. Ви благодарам од се срце на на сите за многубројните пораки на поддршка и разбирање, -напиша Васил на Фејсбук.
Инаку, Васил Хаџиманов неодамна јавно им се закани на сите што објавија дека татко му починал по вакцинирањето. Тој изјави дека прочитал многу невкусни коментари за вакцината против коронавирусот и дека е лут што луѓето се обиделе да докажат дека вакцината е неефикасна иако татко му ја примил само првата доза.