Фудбалската репрезентација на Македонија вчера оствари победа од 2:1 во Дуизбург против Германија во меч од квалификациите за СП 2022.
Покрај големата еуфорија поради победата над „панцирите“, еден фан на „црвено-жолтите“ имаше причина за дополнително славје, откако добро го прогнозораше дуелот.
Имено, со вложени 100 денари на играта дека македонската репрезентација ќе води и на полувреме и на крај, и на целиот натпревар ќе паднат 3 или повеќе гола, тој добил 10.640 денари.