Нешто слично како и пред неполни две недели кога трипати падна на скалите додека се качуваше во авион во базата Ендрус, претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден повторно имаше проблем.
Имено, додека се качуваше во претседателскиот авион со кој патуваше за Питсбург, во еден момент се лизнал по скалите, кои најверојатно биле влажни поради дождот. Сепак, 78-годишниот американски претседател овој пат успеа да ја одржи рамнотежата, а кога стигна до вратата на авионот, ги поздрави луѓето и се качи во авионот.
Инаку, поранешниот американски претседател Доналд Трамп се потсмеваше на неговиот гаф, посочувајќи дека не загубил од него на претседателските избори во ноември минатата година.