Таткото на актерот Расел Кроу (56), Џон Александар Кроу (85) починал во текот на летот за Кофс Харбур, град во Австралија, каде што живее во последните 25 години. Екипажот во авионот се обидел да му го спаси животот, но без успех, пишува „Мирор“.
Според патниците, персоналот и лекарите во авионот го реанимирале дури 20 минути.
– Беа неуморни, продолжија со реанимацијата и кога авионот слета – рекол Ендру Фрајзер, патник во авионот.
„Скршениот“ актер, ја потврди оваа тажна вест на својот профил на Твитер.