Поминаа 40 дена од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ. Обожавателите на Балашевиќ, кои вчера отидоа да му оддадат почит на починатиот уметник 40 дена по неговата смрт, можеа да се уверат дека неговиот гроб не е на местото каде што беше погребан на 21 февруари.
Според тамошните медиуми, гробот на Балашевиќ бил преместен десет метри подалеку, во сенката на четинарите.
Покрај името на починатиот има православен крст, како и стих од неговата песна „Портрет на мојот живот“ – „Без црно, белото не би вредело“, наведува „Новосадската хроника“.
Инаку, погребот на Балашевиќ беше извршен на 21 февруари во кругот на семејството.
фото: Kurir.rs и NSHronika.rs