Премиерите на Унгарија и Полска в четврток ќе се сретнат со лидерот на италијанската десничарска Лига и ќе разговараат за новиот европски политички сојуз, објави унгарската новинска агенција МТИ.
Разговорите меѓу унгарскиот премиер Виктор Орбан, лидерот на италијанската Лига Матео Салвини и полскиот премиер Матеуш Моравиецки ќе се одржат во Будимпешта. Тие ќе разговараат за формирање на нов сојуз кој ги вклучува „Лигата“, владејачката партија на Орбан „Фидес“ и владејачката партија на Полска „Закон и правда“ (ПиС), рече шефот за комуникации на Орбан, наведува МТИ.
„Фидес“ ја напушти Европската народна партија (ЕПП), главниот паневропски блок на десницата, претходно во март, откако беше суспендиран пред две години, поради нејзината политика критикувана како авторитарна.
Орбан рече дека разговарал со истомисленици за формирање нов политички сојуз и дека „Фидес“ преговара со конзервативните политички сили во потрага по нов клуб во Европскиот парламент.
Тој рече дека целта е да се создаде политички дом за „Фидес“ и слични сили во Европа, кои не сакаат да бидат домаќини на мигранти и кои сакаат да ги заштитат традиционалните семејства. Орбан очекува избори во 2022 година, а опозицијата првпат се обедини против него.