Дали некогаш сте се разбудиле среде ноќ чувствувајќи глад? Ако ова се случува повремено, не треба да се грижите, но ако е вообичаена појава, треба да видите во што е проблемот.
Кристен Л. Натсон, професор по неврологија, заклучи дека е „невообичаено“ да се будиме во текот на ноќта со чувство на глад, бидејќи нашите биолошки часовници не очекуваат тогаш да јадеме.
Експертите открија некои од причините зошто се будиме гладни.
Не јадете доволно во текот на денот
Ако не добиете доволно калории во текот на денот, може да се разбудите гладни среде ноќ.
-Ако сте на диета или се ограничувате на кој било начин, како што е прескокнување оброци или премногу вежбање, можеби нема да добиете доволно калории во текот на денот, рече Алис Ремзи, нутриционист.
Не спиете доволно
Нарушувањето на спиењето можат да ги нарушат хормоните што го регулираат апетитот – грелин и лептин, што може да доведе до глад и посегнување по храна со висок процент на јаглехидрати.
-Претходните експериментални истражувања го поврзаа губењето на сонот со зголемениот апетит, додаде Натсон.
Под стрес сте
Понекогаш гладот не е она што ве буди од сон. Причината може да биде одговорот на телото на стресен период од животот. Кога ќе се разбудите, може да се свртите кон храната за да се смирите.
-Емоционалното прејадување сигурно може да ги забави процесите на размислување. Ако вашето тело вари храна, може да ја смири вознемиреноста што ве спречува да заспиете. За жал, храната е многу ефикасен начин да заборавите на лошите мисли, изјави Кели Алисон, професор по психологија и директор на Центарот за тежина и исхрана на Универзитетот во Пенсилванија.
Имате синдром на ноќно јадење
Ако често се будите со чувство на глад, неколку пати во текот на неделата, тоа може да биде знак на нарушување наречено „синдром на ноќно јадење“.
Луѓето со ова нарушување трошат значителен дел од дневните калории по вечерата, бидејќи имаат мала желба за храна во текот на денот. Исто така, тие страдаат од нарушување на расположението кое се влошува во текот на ноќта, имаат проблеми со спиењето и веруваат дека мораат да јадат нешто за да заспијат повторно.