ВО ФУСТАН, СО КРЕНАТ ПРСТ: Глумецот Горан Богдан ги поддржа силуваните актерки (ФОТО)

by Тони Зографски

Актерот Горан Богдан (40) на својот Инстаграм профил објави фотографија на која позира во розев фустан со подигнат среден прст.

Со оваа објава на социјалните мрежи, Богдан испрати порака и им даде поддршка на жените кои биле силувани, меѓу кои и неговите колешки Даниела Штајнфелд и Милена Радуловиќ

– Не побарав… што не е јасно – напиша актерот во објавата и додаде хаштагови како #nedamtesestro #dostajebilo #nopasaran.

Сето ова се случува откако актерката Даниела Штајнфелд откри дека кога имала 21 година ја силувал популарниот глумец Бранислав Лечиќ, а неколку месеци претходно и актерката Милена Радуловиќ го обвини својот професор Мика Алексиќ дека ја силувал во неговата школа за глума.

 

 

останати вести