Српската актерка Мирјана Карановиќ го информира Југословенско драмско позориште дека одбива да игра во претстава заедно со Бранислав Лечиќ.
Карановиќ, како што пишува на својот профил на Инстаграм, се одлучила на овој потег во знак на протест поради односот на Лечиќ кон колешката Данијела Штајнфелд.
“Почитувани, ве информирам дека одбивам да игра со Бранислав Лечиќ во преставата ‘ММЕ кој прв почна’ во знак на протест поради неговото однесување кон колешката Данијела Штајнфелд. Ова се однесува на сите евентуални, идни претстави со истиот актер. Подготовена сум да ја играм преставата, ако решите да го замените актерот“, напиша Карановиќ.
Инаку, aктерот Бранислав Лечиќ се најде во фокусот на скандал со силување, откако во јавноста проговори актерката Даниела Штајнфелд која дојде од Њујорк, каде живее со години, дојде во Белград за да даде изјава пред обвинителството.
Меѓутоа, таа проговори и јавно за српски „Инсајдер“.
„Ме силуваше мојот колега и драг пријател Бранислав Лечиќ, во мај 2012 година. По четири дена игравме во претстава. Бев во шок. Сакав веднаш да повикам полиција, но размислував што ќе се случи. Мора да ја разберете таа ситуација“, рече актерката во интервјуто.