На обвинетиот Сашо Мијалков, кој денеска од притвор беше спроведен на завршните зборови за незаконската набавка на британска опрема за прислушување, за време на 15-минутната пауза во судница му беше дозволено на кратко да се види со сопругата Александра Мијалкова и со поголемиот син Јордан .
Инаку, завршните зборови на одбраната се закажани за 29 март. Случајот го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е ОЈО за организиран криминал, кое го презема предметот од поранешното СЈО.
Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски.
Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на Буџетот во висина од 862.045 евра за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.
(Фото: СДК)