Српскиот глумец Бранислав Лечиќ е обвинет за силување од страна на актерката Даниела Штајнфелд.
Српската глумица откри пред Вишото јавно обвинителство во Белград дека мистериозниот силувач, чиј идентитет упорно го криеше од јавноста, бил актерот Бранислав Лечиќ, наведувајќи дека тој ја напастувал пред неколку години, додека таа работела на проект со него.
“Не можам да имам коментар на толку чувствителна тема, сè додека не добијам повик од Обвинителството и не добијам црно на бело обвинение дека таа ме обвинила за такво нешто“, изјавил за „Нова.рс“ Лечиќ.
Претходно, актерката изјави дека била силувана кога имала само 21 година, па затоа, како што рече, се преселила во Америка. Во документарецот „Држи ме цврсто“, таа рече дека ја силувал моќен човек од домашната филмска индустрија, чие име не сакаше да го открие.
„Имав идеја да направам филм за последиците од силување и сексуално злоставување од перспектива на жртвата и луѓето кои го извршиле злосторството. Кога погледнав во суровината, бев охрабрена и решив во последен момент да ја споделам мојата приказна“, ја цитираше „Варајети“.