Самохрана мајка од Теарце која пред три месеци го прележана коронавирусот починала вчера на 38 години, сподели пратеникот Влатко Ѓорчев.
Неофицијално, починала од тромб, од згрутчување на крвта, ама тоа ќе го потврдат и утврдат лекарите, напиша Ѓорчев на Фејсбук.
„Видете на нејзиниот Фејсбук каков човек беше. Видете ги нејзините постови последниве месеци. Видете каков добар човек беше Верица. До денес, до последниот ден постираше и пишуваше да се помогне на луѓе, особено на семејствата со мали деца. Последниот одговор на Верица е од денес, само 2 – 3 часа пред да почине, а тоа е одговор на вчерашниот пост за помош на мали деца.
Патувај кон небото, македонска душо. Ние ќе ги продолжиме твоите македонски идеали и ќе бидеме тука за твоите 3 мали ангели што ги остави зад себе“ напиша Ѓорчев.