Доцна синоќа во близина на бензиската пумпа кај Бигорскиот манастир паднаа три лавини.
За ова информираше градоначалникот на Маврово и Ростуше, Медат Куртовски.
-Една од лавините зафатила едно возило од кое еден од патниците е со лесна повреда на ногаЕкипи на Македонија пат, општина Маврово и Ростуше и Бигорскиот манастир се на терен со свои машини и работат на расчистување на лавините, – изјави Куртовски.
Поради лавините сообраќајот беше во прекин.
Инаку, местото каде се паднати лавините е познато по вакви појави.