Андријана Јаневска објави на Инстаграм досега невидена фотографија на која е заедно со Тоше Проески и Каролина Гочева, направена во Сиднеј, Австралија.
„Каролина Гочева, Тоше Проески и јас, 2000 година во Сиднеј, Австралија. Насмеани и распеани одиме да гледаме кошаркарски натпревар на Олимпијадата. Прекрасни спомени од едно време кога другарството беше најважно, кога зборот суета беше туѓ и кога музиката нè обединуваше. Оваа фотографија е од мојата приватна архива и ја објавувам со дозвола на Каролина и семејството на Тоше“, напиша Андријана во описот на фотографија.
По ова следеше и реакција на Каролина која сликата ја објави на Инстаграм и напиша колку убави спомени и буди ова време, минато по улици и аеродроми.
“Се надевам ќе ископаш уште некоја слика Андријана, пошто немам ни една од Сиднеј, 2000“, вели поп-пејачката.