Смртта на познатиот тапанар Драгољуб Ѓуричиќ кој вчера по кратката борба со коронавирусот почина на 68-годишна возраст во Белград, ја растажи јавноста од целиот Балкан. Тој ја водеше битката со коронавирусот повеќе од еден месец, но за жал на крајот ја загуби.
По повод смртта на Драгољуб Ѓуричиќ се огласи и Момчило Бајагиќ -Бајага.
„Состојбата на Драгољуб се подобри пред пет дена и тој беше симнат од респиратор за дишење, но за жал, вчера неговото срце престана да чука. Многу ми е жал. Драгољуб беше добар човек, одличен тапанар и наш голем пријател. Вчера разговарав со Жика Јелиќ од ‘ЈУ група’, кој ми рече дека нашиот колега е многу подобар и дека симнат од респиратор. Но, овој напор неговото срце не можеше да го издржи“ – со насолзени очи изјави за медиумите Бајага, простувајќи се од неговиот добар пријател и колега.