Манекенката Катарина Ивановска во интервју за „Бекстејџ“, конечно откри во какви односи е со Перо Антиќ.
Имено, на прашањето дали се во врска, манекенката одговара потврдно и потенцира дека се заедно.
„Среќни сме заедно“, со насмевка на лицето вели Ивановска.
Освен што зборувала за романсата со екс-кошаркарот, исто така открила и како и на кој начин ја одржува формата.
Кажа и дека синот Вања и ќерката Кира и го промениле животот во целост, па додаде дека мајчинството е најважната, но и најубава улога за неа.