745
Во последно време Калиопи се почесто знае да ги изненади своите пријатели на социјалните мрежи.
Таа вчера на својот Инстаграм профил постави видео од прошетката со својот поранешен сопруг, актерот Васил Зафирчев на скопскиот кеј.
– Интелигенцијата, хуманоста, лојалноста, доверба, се квалитетите на луѓето со кои ги чекорам истите чекори низ животот и ја делам истата љубов кон вечното пријателство. Со нив уживам да поминувам километри, -објави Калиопи.
Инаку, Васил и Калиопи беа седум години во брак, а имаат снимено и заедничка песна. Тие се и денес блиски и повремено соработуваат.
Видеото можете да го видите ТУКА
