ЌЕ БЕГАЛ?: Приведен Орце Камчев

by Тони Зографски

Бизнисменот Орце Камчев утрово е приведен, дознава Фокус од доброупатени извори.

Како што пишува Фокус, Камчев е уапсен бидејќи Агенцијата за национална безбедност (АНБ) имала информации дека наводно се спрема за бегство.

По нивно барање бил приведен, а потоа го информирале Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Сега обвинителството ќе бара притвор, бидејќи Камчев е осомничен во истрагата „Плацевите на Водно“.

Од МВР за „Фокус“ ја потврдиле информацијата и соопштиле дека ќе биде изведен пред суд.

Бизнисменот Орце Камчев е приведен изутринава во Полициската станица Карпош, потврдија за МИА извори од Министерството за внатрешни работи.

Тој денеска ќе биде изведен пред судија, а според објавите на дел од медиумите Камчев се подготувал за бегство.

Орце Камчев е еден од осомничените во случајот Империја.

останати вести