Во акција на Пазарниот инспекторат синоќа нешто пред 21 часот се затворeни познати скопски кафулиња поради непочитување на протоколи за заштита од ширење на коронавирусот и биле преполни со гости,а свирела и прегласна музика.
Станува збор за „Три китчен“ како и Интермецо, кои се испразнети без асистенција од полицијата.
Синоќа инспектори од ДПИ затворија е еден угостителски објект во трговскиот центар Мавровка во Скопје. Овие кафулињата поради вечерашната посета од инспекторите ќе бидат затворени од 10 до 30 дена и ќе заработат казна од 5.200 евра.
Според информациите на Канал 5, Државниот пазарен инспекторат затворил и објект во Крушопек преполн со стриптизети. Дури влеге и во една една игротека во близина на Министерството за здравство, во кое се славел роденден со огромен број на гости на мал простор, при тоа без елементарно запазување на протоколите за заштита – маски и дистанца!