Откако една Евелин Шо (81) од САД ја примила и втората доза од вакцината против Ковид 19, добила чудна препорака од нејзиниот доктор.
Како и секој докторски ракопис и овој тешко се чита, но кога ќе погледнете повнимателно, ќе го разберете она што е напишано.
Имено, докторот имал еден совет за бабата од Њујорк, што истовремено и ја насмеал, но и ја натажил.
„Сега можете да си ја гушкате внуката“, препорачал докторот.
Бабата Евелин не ги гушнала своите внуци веќе една година, а нејзината ќерка вели дека Евелин се плашела да им се доближи дури и откако ги добила двете дози. Затоа, лекарот одлучи да ѝ препише „контакт со луѓе“.
Нејзината ќерка Џесика изјавила дека потоа следела прегратка.
„Им благодарам на научниците и докторите кои што овозможија да се случи ова“, напишала Џесика на Твитер поставувајќи ја снимката од прегратката со нејзината мајка.
First hug she’s had in a year. Thank you to all the scientists and doctors who made this happen! pic.twitter.com/puvJlJpDoy
— Jessica Shaw (@JessicaShaw) March 9, 2021