Серија земјотреси ја погодија Македонија синоќа во вечерните часови. Како што објавија од Европско-медитеранскиот центар од каде ги следат сите потреси од минута во минута, на територијата на Македонија се забележани три речиси последователни земјотреси.
Првиот се случи во 20.40 часот, со епицентар на 18 километри југозападно од Гостивар, а со јачина од три степени.
Вториот, кој беше и најсилен со јачина од 4,97 степени, се почувствува во 22.17 часот, со епицентар во истиот регион, односно 18 километри југозападно од Гостивар.
Третиот земјотрес дојде само 11 минути подоцна, односно во 22,28 часот, со јачина од 4,4 степени и епицентар на 17 километри јузападно од Гостивар. Тој беше почувствуван од населението во Маврово, Дебар, Тетово, Гостивар и Кичево.
Инаку, веднаш откако беа почувствувани земјотресите на социјалните мрежи се појавија коментари во врска со тоа дека во моментов во земјава на сила е полициски час, граѓаните се дома, а ги ниша земјотрес. Дали смее да се бега надвор?
“Што е полошо? Да те љуља земјотрес и да чекаш таванот да ти падне или да бегаш надвор и да попиеш 2000 евра казна?
“Aко има земјотрес во петок во 22.15 пример, смееме или не смееме да искачаме“ – беа дел од коментарите.