Кралот на нацијата Зулу, Гудвил Звелтини, почина денес на 72-годишна возраст во болницата каде се лекуваше од проблеми со дијабетес.
Кралот Гудвил беше водач на најголемата етничка група во Јужна Африка и влијателен владетел.
Минатата недела беше примен во болница во Квазулу-Натал за да се следи неговото здравје, кое инаку беше нарушено поради дијабетес.
Кралот Звелитини управуваше со нацијата Зулу според клаузула за традиционалното раководство на републичкиот устав на Јужна Африка од смртта на неговиот татко во 1968 година.
Инаку, околу 10 милиони луѓе живеат во провинцијата КваЗулу-Натал, објави Би-Би-Си.