ТВ и радио водителката Живкица Каленикова преку својот Фејсбук профил раскажа што и се случило додека чекала на семафор на една скопските раскрсници.
-Една непозната девојка денес ми го стопли срцето и баш ми го направи денот , имено на семафор излегува на дождот се фаќа за задната врата од мојот автомобил јас благо изненадена и само ми вели отворена ви беше вратата , просто се шокирав , не ми свиреше , мафташе да ми укаже како што обично сите правиме не мислеше на себе да не наврне туку едноставно помогна . Девојко алал ако се прочиташ , пиши едно кафе честам. Дечки можеме многу убаво да живееме. Да бидеме љубезни- пишува Живкица.