И покрај тоа што има диплома на правник од престижниот Оксфорд, 41- годишниот Фаиз Сидикви тврди дека е целосно зависен од неговите родители кои живеат во Дубаи.
Имено, тој се опиша себе си како ранливо возрасно дете кое има здравствени проблеми и тврди дека неговите родители ги кршат неговите човекови права не сакајќи да го поддржат.
И покрај фактот дека живее во станот на неговите родители вреден 1,14 милиони долари во лондонскиот Хајд Парк и ги плаќаат сметките, неговите родители по кавгата му рекле дека ќе му го откажат џепарлакот од 550 долари неделно поради кавгата што ја имале.
Нивната одлука не му се допаднала воопшто, па решил да ја бара правдата на суд, но неговото барање беше одбиено.
Тој одлучил да покрене тужба до Апелациониот суд и со нетрпение чека пресуда, бидејќи ако таа биде донесена пресуда во негова корист, тој може да направи преседан за сите други.