Американскиот Си-би-си синоќа го емитуваше долгоочекуваното интервју на Опра Винфри со Меган Маркл и принцот Хари во кое парот, меѓу другото, зборувал за причините за напуштањето на кралското семејство, расизмот со кој се соочиле во рамките на кралското семејство, а го откриле и полот на нивното второ дете кое на свет би требало да пристигне ова лето.
Меган, меѓу другото, признала дека во еден период од бременоста размислувала за самоубиство
– Едноставно не гледав решение. Седев навечер будна и размислував дека не разбирам како сето тоа се случува – рекла војвотката. „Мајка ми и пријателите ми се јавуваа плачејќи и ми велеа: „Мег, тие не те штитат“ – открила на прашањето од Опра која била точката на пукање.
„Сето тоа се случуваше само затоа што дишев“, рекла Меган. Самоубиствени мисли ѝ паѓале напамет во петтиот месец од бременоста со првото дете Арчи, рекла таа.
Таа изјави дека најлошиот момент бил кога еден од членовите на кралското семејство го прашал принцот Хари колку би можела да биде „темна“ бојата на кожата на нивниот син.
Принцот Хари откри дека неговиот татко, принцот Чарлс, престанал да му се јавува на телефон кога тој објавил дека се повлекува од своите должности во кралското семејство.
Тој признал дека морал да го напушти кралството поради агонијата низ која минувало неговото семејство, а за тоа придонеле и британските медиуми. Хари додал дека имал и проблеми со менталното здравје поради сè.
„Бев очаен, отидовме на сите места за да побараме помош, затоа заминавме, бидејќи не ни беше обезбедено. Сепак, никогаш не заминавме, никогаш не го напуштивме семејството. Мојата најголема грижа беше дека историјата се повторува, но многу поопасна. Зборувам за мајка ми. Кога ќе видите дека нешто се случува на ист начин. Постојано ни велеа дека сè е како што е и не добивавме помош, станавме свесни за сè. Животот во нејзините чевли беше потребен за да се види до каде сè ќе стаса.. Недостаток на поддршка и разбирање е причината за заминувањето. Јас сè уште ја почитувам баба ми, никогаш не сакав да и наштетам“, изјавил принцот Хари.
Двојката чека уште едно дете, Меган ќе се породи на лето, а во интервјуто откриваат дека очекуваат девојче.
Инаку, британските медиуми пишуваат дека телевизиската мрежа во Велика Британија, ИТВ може да се откаже од прикажување на интервјуто за кое му платиле на американскиот Си-би-ес повеќе од милион фунти!