“ЗА МЕНЕ Е НЕНОРМАЛНО ДА УМРЕ ЧОВЕК НА ТИЕ ГОДИНИ“: Маја Оџаклиевска се прости од Сања Илиќ

by Тони Зографски

Маја Оџаклиевска  се прости од долгогодишниот соработник и колега Сања Илиќ кој на 70-годишна возраст вчера почина од коронавирусот.

Веста пејачката ја дознала од новинарите кои ја контактирале, па останала буквално шокирана.

-Не сум слушнала, што зборувате вие, јас сум на село. Дали е тоа можно?, – потресно изговорила Оџаклиевска.

Таа додала дека многу соработувале и дека биле блиски пријатели.

-Не знам ама мене ми е ненормално да умре човек на негови години. Тој за мене се уште е млад, -со солзи раскажува Маја за српските медиуми.

останати вести