Композиторот, музичар и основач на групата „Балканика“, Александар Сања Илиќ почина денес на 70-годишна возраст. Според РТС, Илиќ починал како резултат на ковид-19.
Илиќ е роден во Белград на 27 март 1951 година и покрај тоа што бил успешен композитор, по образование бил и архитект.
Како млад настапувал во групата „Враголани“, а потоа и во групата „Сан“.
Тој ја основал групата Балканика во 1998 година, а првиот концерт се одржал на 26 јуни 2000 година. Настапувал со Балканика на концерти низ целиот свет. Ја претставувал Србија на Евровизија 2018 во Лисабон, заедно со неговиот бенд; песната се вика Нови деца. Песната влегла во финалето на Евровизија, пишува Блиц.
Настапуваше со Балканика на концерти низ целиот свет, а ја претставуваше Србија на Евровизија 2018 во Лисабон со песната „Нови деца“, која влезе во финалето на натпреварот.
Негова прва сопруга беше една од најубавите глумици во екс Југославија, Злата Петковиќ.