Откако на почетокот на година, ја побара својата девојка за жена, потпаролот на ВМРО – ДПМНЕ, Димче Арсовски ќе стане татко.
Неговата сопруга Соња е бремена, и веста како и онаа за запросувањето ја сподели Соња на својот Инстаграм профил.
Среќните вести со јавноста ги сподели и идниот татко во емисијата „Магазин“, која се емитува на ТВ Сител.
Инаку, вереницата на Димче, Соња Тодорова по потекло е од Струмица, но веќе неколку години живее и работи во Скопје. Таа има своја маркетинг агенција.