Загребскиот градоначалник Милан Бандиќ е погребан денеска на гробиштата Мирогој во Загреб. На неговото испраќање во вечното почивалиште присуствуваа повеќе илјади граѓани, иако максималниот дозволен број на лица на погреб, според важечките епидемиолошки мерки е 25, јави индекс.хр.
Бандиќ е испратен со неговите три омилени песни „Очи во очи“, „На омишката карпа“ и „Под плетенките“ во изведна на клапа на Хрватската воена морнарица.
На погребот меѓудругите присуствуваше и скопскиот градоначалник, Петре Шилегов
Денеска во Загреб е прогласен ден на жалост.
Инаку, Бандиќ неочекувано почина на 66-годишна возраст во ноќта меѓу сабота и недела. На челот на Град Загреб беше во шест мандати.