Моника Белучи повторно се појави во новата рекламна кампања на брендот Картие.
Картие е легендарен бренд кој произведува накит, модни додатоци и луксузни производи. Тој претстави нова рекламна кампања и ја избра „најубавата жена на светот“. Познатата актерка покажа прстени, часовници и нараквици „Love“, кои се едни од најпродаваните парчиња на брендот од 1970-тите до денес.
Инаку, Моника Белучи стана амбасадорка на францускиот бренд во 1997 година. Оттогаш, Моника редовно се појавуваше на црвениот тепих во накит од Картие.