Клупата на Горан Стефановски тргна од Лондон и се очекува наскоро да пристигне на своето одредиште, во скопско Дебар Маало.
“Малото, но сепак големо спомен обележје на македонскиот литературен лауреат, го започнува патешествието од Лондон до Скопје. Во наредниот период очекуваме да пристигне тука и заедно со семејството, пријателите, но и со сите почитувачи на ликот и делото на Стефановски, да ја поставиме во неговото Дебар Маало, напиша утрово на Фејсбук градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ.
Инаку, симболичната клупа-споменик е излеана во Лондон и ќе биде поставена во паркчето кое се наоѓа спроти бараките на општина Центар, веднаш до чинарот, кој беше засаден на роденденот на Стефановски 27-ми април.