Британската туристичка организација објави дека Грција, Шпанија и Турција се најбараните дестинации, почнувајќи од јули.
„ИзиЏет“ соопшти дека резервациите преку ноќ скокнале за 300 проценти, а резервациите за годишни одмори пораснале за 600 проценти од недела во недела, особено откако владата во понеделникот објави дека патувањето може да продолжи кон средината на мај, објави Ројтерс.
Британците побрзаа во понеделникот вечерта и вторникот, иако сè уште постои неизвесност кога и како ќе се отворат меѓународните линии, поради што скокнаа цените на акциите на авиокомпаниите – на пример, акциите на „ИзиЏет“ скокнаа за три проценти.
Британските туристи ќе знаат повеќе детали на 12 април кога владата ќе објави план за патување.