Телевизија 24 дознава дека – утринава премиерот Заев повикал на средба двајца министри, неколку директори на агенции, први лица во обвинителствата и судовите.
Според Телевизија 24 на средбата, премиерот барал детални информации за чекорите кои институциите ги преземале пред и за време на бегството, како и за можните пропусти во постапките.
На средбата имало јасни и високи тонови, додека институциите покажувале со прст една на друга. Заев бил видно лут, па дури и се заканил дека доколку не се пронајде Мијалков, ќе има итни разрешувања, а од останатите јавно ќе побара одговорност, јавува ТВ24
Вчера премиерот Зоран Заев за бегството на Мијалков рече дека мора да има одговорност меѓу институциите и функционерите, а со остар тон утрово се обратил и пред дел од членовите на владата и директорите на неколку агенции задолжени за безбедноста во државата, како и раководни лица од обвинителството и судот.
Заев барал детални информации за тоа како Мијалков им се провлече на повеќето служби задолжени да го следат до изрекувањето на пресудата за случајот Таргет – Тврдина закажано за 26 февруари, во обид да дознае каде се пропустите и која агенција затаила во работата.