ТРАГЕДИЈА: Почина легендата на хрватскиот ракомет Златко Сарачевиќ

by Тони Зографски

Легендарниот хрватски ракометар и актуелен тренер на Подравка, Златко Сарачевиќ денеска почина на 59-годишна возраст.

На Сарачевиќ денеска му се слошило по завршувањето на дуелот помеѓу Подравка и Локомотива и веднаш бил пренесен во болница. „Вечерњи“ објави дека за жал легендарниот ракометар починал, најверојатно од срцев удар.

Неговиот тим победи со 32-29, а Сарачевиќ дури дал изјава и за медиумите во врска со дербито. Кратко потоа брза помош пристигнала пред салата откако му се слошило. За жал докторите не успеале да му помогнат и да го спасат.

Сарачевиќ изминативе три сезони беше на клупата на Подравка, а претходно го водеше Загреб.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com