Цела поранешна Југославија е тажна по смртта на Ѓорѓе Балашевиќ. Многу познати личности, вклучително и актери и пејачи, се збогуваат на социјалните мрежи. Оригинална објава на Фејсбук напиша и менаџерот Велибор Џаровски- Џаро кој бил пријател со Балашевиќ долги години.
Џаро детално ја опиша нивната последна средба и ја спомена обвинителката Фатиме Фетаи.
“ Му гостував во емисијата Панонски морнар, снимавме во Нови Сад, напиша песна специјално за мене, за местените утакмици. Малку концерти му организирав ама останавме пријатели цел живот, во Милочер скоро секое лето се дружевме. Кога последен пат се видовме во 2018 во фоајето во Палас во Скопје, муабетевме за убавите времиња. Помина Фатиме Фетаи и Балашевиќ ми рече:
Уу, која риба, личи на Јелену Жигон кад је била млада. Му кажав дека е обвинителка, а Ѓоле рече дека премногу е убава за таа работа, па после се запознаа.
Вечерта после концертот пак се сретнавме на истото место, иста екипа. Počivaj u miru prijatelju, čuvamo ti bagrenje“, напиша Џаровски на Фејсбук.