Веста за смртта на Ѓорѓе Балашевиќ го растажи целиот регион, а луѓето преку социјалните мрежи се простуваат од великанот, а многумина дојдоа и пред неговата куќа во улицата Јован Цвииќ, за да запалат свеќи и да му оддадат почест.
Букети цвеќе, плишани мечиња, писма и пораки за починатиот беа оставени пред куќата на Балашевиќ.
Многу ми е тешко. Ама тој ќе остане да живее низ песните кои ни ги подари – прозборела низ солзи, една обожавателка на Балашевиќ.
Неговата сопруга Оливера Балашевиќ новинарите ја најдоа во моментот кога излегувала од семејната куќа во Нови Сад.
“Балашевиќ последните денови ги поминуваше дома. Најмногу сакаше да поминува време таму, да пие кафе и да се дружи со семејството и пријателите …”, рекла Оливера.