Синоќа, преку Фејсбук, жена јавно објави дека е малтретирана од личност која неколкупати ја пријавува во полиција. Таа очајно бара заштита од маж за кој тврди дека подолго време ја вознемирувал и напаѓал.
-“Човекот” што повеќе од една година ми влегува насилно или скришум, ме злоставува на секој можен начин, крши по дома, ми става нож под грло, ми се заканува со убиство и во состојба е да го изврши. Само да знаете дека го пријавувам во полиција, доаѓаат го вадат од дома, разговараат и го пуштат и он пак се враќа.Вечерва ќе беше фатално. Ме спасија фала им, меѓутоа пак го пуштија. Заклучена сум, не смеам да излезам.Треба ли да си викнам лично обезбедување 24/7, да се отселам на друга планета или да ја земам правдата во свои раце???Замислете колку многу ми требало ова да го напишам! Нека стои, да знаат луѓето дека има илјадници жртви а никој не ги штити. Се разболев, тотално попуштив психички. Ќе извадам лекарско и ќе го тужам. Никогаш немало да верувам дека такви луѓе постојат. Ни на сон, ни на филм не сум верувала. Ова е неиздржливо. Откако ќе ми остане детето без мајка и еден куп животни дома за кои се грижам, ич не ми е гајле колку ќе ме жалат и оплакуваат. Во смртна опасност сум а никој не превзема ништо!, пишува жртвата во својата Фејсбук објава.