Лидерот на Левица, Димитар Апасиев со статус на Фејсбук го искритикува лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој изјави дека го поддржува законот за лични карти.
– Христијан Мицкоски, квазипатриотот кој ја преспа Преспа и чиј пратеници стоеја до ѕидот кога се менуваше името Македонија, во надеж дека ќе стане идниот премиер (како што лажно го тапшаше Меркел) – истиот тој „лидер” сега се согласил со сведување на државотворниот македонски народ на обична етничка заедница, само за да им удоволи на неговите идни коалициони партнери – националшовинистите од АА!
Овој човек, без око да му трепне, ја прифаќа Тиранската платформа и се нафаќа со целосна ДЕЈТОНИЗАЦИЈА на Македонија (по примерот на Босна), како иден чекор кон кантонизација/федерализација на Републиката и нејзино згаснување. Свака част нехаризматичен мајсторе, – напиша Апасиев на својот Фејсбук профил.