ЏО ЛИГОН имал само 15. години кога бил осуден на доживотен затвор за учество во грабеж и напад во кој починале две лица, а шест биле повредени.
Во четвртокот, на 83-годишна возраст, Лигон бил ослободен од државниот затвор во Пенсилванија како слободен човек после 68 години. Лигон никогаш не престана да тврди дека не учествувал во убиствата и повредите и дека неправедно ја издржувал казната.
Таа казна во 2017 година била намалена на 35. години кога Врховниот суд на САД донел одлука дека автоматските доживотни казни за деца се сурови. На многу затвореници чии случаи се слични на Лигон, им е намалена казната и поднеле барање за условно ослободување. Лигон не бил заинтересиран.
“Би сакал да бидам слободен. Кога сте на условна слобода, често мора да посетувате офицери задолжени за следење на вашите движења. Вие не можете да го напуштите градот. За мене, тоа е делумна слобода”, објаснил тој за The Philadelphia Inquirer.
“Трошиме човечки животи и пари со луѓе кои се премногу долго затворени. Да се надеваме дека со ослободување на малолетници осудени на доживотен затвор, ќе го разгледаме начинот на кој ги осудуваме луѓето”, рекол судијата по неговата одлука.
Џо Лигон се подготвил пред да излезе надвор гледајќи ги вестите на мал телевизор во неговата ќелија.
„Ми се допаѓаат шансите да преживеам надвор“, се пошегувал тој, гледајќи низ прозорецот.
“Гледам во овие високи згради, сето тоа е ново за мене. Не постоеше порано”, додал тој.