Поранешниот министер за внатрешни и за надворешни работи Љубомир Фрчкоски е избор на Владата за иден амбасадор на Македонија во Вашингтон. Како што дознава независен.мк, процедурата за обезбедување агреман е почната и се чека одговор од САД.
Инаку, македонија нема амбасадор во Вашингтон повеќе од три години, откако измина мандатот на последниот амбасадор Васко Наумовски. Пречка беше несоработката со екс претседателот Ѓорѓе Иванов, изборите , како и блокадите на амбасадорите во Парламентот од страна на ВМРО-ДПМНЕ.